За нас
City hall е лоциран во центарот на градот на местото на поранешниот клуб Хард Рок – МКЦ. Објектот е комплетно променет во чист амбиент, климатизиран, опремен со модерен инвентар, квалитетен звук, како и современа сервисна технологија. Капацитетот на City hall центарот е ±500 гости во околу 700 м², поделен во 3 таканаречени соби: бар, фоаје и студио. Целиот објект е на високо приземје, и сега има дневна светлина.
Во City hall може да се организираат корпоративни настани како конференции, телеконференции, состаноци, обуки, промоции, презентaции, коктели, приеми итн; или приватни настани како родендени, свадби, годишници, матури, или што и да посакате да прославите; или, пак, културни настани како изложби, концерти, промоции или било која креативна и забавна програма која може да ја посакате.